Во што се состои вистинската магија во љубовните врски?

|

За да знаете дали вашето партнерство е длабоко и за да можете да го негувате и развивате тоа единство и заедништво кое го имате со личноста со која ќе го поминете остатокот од животот, пред сѐ е потребно да се дознае и значењето на терминот „духовно партнерство“. Многу едноставно, тоа е партнерство во кое и двајцата меѓусебно си помагаат да се развиваат. Тоа е партнерство во кое почитта и развојот се приоритет наспроти меѓусебното телесно задоволство и чувство на материјална сигурност и поврзаност. Секој во еден момент ќе биде фрустриран во врската, но тоа е сосема во ред.

Магијата доаѓа во моментот кога двајцата во врската се држат заедно за да го исчистат нередот, да се слушаат еден со друг и да ја направат својата врска уште подлабока од претходно. Врската која оди сѐ подлабоко и подлабоко, а луѓето во неа и поединечно се развиваат е врска на сосема поинакво ниво. Духовното партнерство е работа на чувство. Начинот на кој се чувствувате кога сте покрај својот партнер и поврзаноста која ја имате едноставно зрачи. Почнувате да знаете што другата личност мисли и чувствува и така доаѓа до уште подлабоки нивоа на комуникација, затоа што комуницирате на фрекфенција која ги надминува зборовите. Таа е суптилна, емоционална и исполнета со знаење.

Пред да го завршиме овој текст има уште една работа која би сакале да ја споделиме со вас… А тоа е светлото на крајот од тунелот за сите кои сега се чувствувате дека сте во врска во која не сакате да бидете. Сѐ што имате во овој момент е токму она што ви е потребно и може да прерасне во она што сакате. Потребен е труд, комуникација и многу љубов.