Заврши Макфест, ова се победниците (фото+видео)

|

Синоќа заврши јубилејното 35-то издание на најпознатиот штипски музички фестивал, каде Марјана Станојковска ја видовме во улога на водителка на овогодинешното издание на Макфест.

Во текот на фестивалот можевме да слушнеме доста добри мелодии и навистина несекојдневни сценски настапи. Познатиот композитор Григор Копров, кој за првпат се појави на Макфест во улога на изведувач на сцената. Копров ја испеа емотивната балада „Ако вечерва пуштиш солза“.

Фестивалот го одбележаа и повеќе други веќе добро познати музички имиња за македонската публика, како што се и феноменалните „Нокаут“. „Нокаут“ настапија со песната „Сакам да живеам“, која на крај доби и најмногу гласови од жирито по што публиката можеше да ја слушне уште еднаш за крај на вечерта.


За целото шоу да биде покомплетно се погрижија Игор Џамбазов и Гуру Харе бенд, кои ја забавуваа публиката додека жирито ги пресметуваше гласовите.


Нокаут за првото место освоија награда во износ од 5.000 евра, втората награда од 3000 евра ја освои Ѓоко Танески со песната „Ден по ден“, а третата награда беше доделена на песната „Ако те изгубам“ во изведба на Омар Џаферовски за која беше предвидена награда од 1000 евра.