Земјата влегува во непознатото! Магнетниот Северен пол се поместува кон Сибир, а научниците стравуваат од страшно сценарио

|

Британскиот геолошки центар и американските национални центри за информации за животна средина објавиле ново ажурирање на светскиот магнетен модел со кое се потврдува дека магнетниот северен пол, чии координати се клучни за навигациониот систем кои ги користат владата, полицијата и повеќето цивилни апликации, продолжува да се поместува кон Сибир.

Податоците покажуваат дека оваа година магнетниот северен пол преминал 390 километри од географскиот Северен пол и го преминал главниот меридијан – Гринич.

Научниците исто така потврдиле дека силата на Земјиното магнетно поле се намалува со брзина од околу 5 отсто на секои 100 години.

Претходно, оваа година Националната управа за океани и атмосфера САД и Британскиот геолошки завод биле приморани да го ажурираат светскиот магнетен модел, една година пред планираниот рок поради брзината со која магнетниот северен пол се поместува од канадскиот Арктик кон рускиот Сибир.

Светскиот магнетен модел се користи во многу области, од апликции за компас за паметните телефони, мапа и GPS услуги, до телекомуникациски преносни системи и навигациони алати за разни агенции, вклучувајќи ја и Сојузната управа за воздухопловство, НАСА, американското министерство за одбрана и НАТО.

Коментирајќи ги нивните податоци, геофизичарот Сириан Беган изјавил дека не само што движењето на полот е брзо туку дека е побрзо од претходните четири века.

Кога полот го преминал меридијанот Гринич и продолжил со своето движење кон истокот, човештвото влегло во непознатото.

Научниците претходно изразиле загриженост поради поместувањето на магнетниот северен пол и неговото можно влијание на магнетното поле кое ја штити Земјата.

Без поле Земјата би била изложена на сончеви невремиња што би можело да нанесе голема штета од вселенските летала до електроенергетските мрежи.