ЗОШТО Е ДОБРО ДА САКАТЕ ЖЕНА КОЈА ПРЕМНОГУ РАЗМИСЛУВА

ИЗВОРnovlist.mk
|

Додека за мажите сѐ е или црно или бело, жените на тоа гледаат во милион бои, дури и такви кои сѐ уште не се измислени.

Зошто ми го напиша ова? Што сега мисли тој? Што да му одговорам? Дали можеби ќе сфати погрешно? Можеби не би требала вака или онака нешто да направам? Познато?
Мажите имаат една голема особина, а тоа е едноставноста. Кај нив е или црно или бело, но затоа жените се комплицирани и многу размислуваат и тоа прилично детално и длабоко, еве зошто.

1.Жените ги купуваат најдобрите роденденски поклони, не е воопшто важно колку време ќе поминат во нивно одбирање се додека не го пронајдат совршениот.

2.Жените никогаш нема да кажат нешто кое не го мислат. Доколку во текот на расправијата му кажат некој навредлив збор на својот партнер, тогаш тие нема потоа да се извинат и да се обидуваат да ги исправат работите, тие стојат зад своите зборови.

3.Секогаш знаат кога нешто не е во ред, ги забележуваат и најмалите промени во очите и насмевката. Ако партнерот погреши нешто, тие веднаш ќе му го кажат тоа, без многу двоумење.

4.Жените се спремни за било каква ситуација, секогаш. Ако почне да врни во текот на излетот, таа ќе носи чадор во својата ташна, ако случајно се извалкате од сендвичот, таа има марамици кои веднаш ќе помогнат.

5.Жените имаат спектакуларни идеи кога е во прашање планирање на активности. Тие секогаш наоѓаат интересни начини да се поминува слободното време.

6.Тие никогаш не ги забораваат важните случувања. Всушност, тие почнуваат да ја планираат забавата за роденденот на нивниот партнер уште неколку месеци однапред. Жените сакаат да мислат однапред.

7.Нив им е грижа за мислењето на нивниот партнер. Ако тој не се чувствува добро некаде, и таа нема да се чувствува добро. Таа ќе се труди тој да е среќен како што е и самата.

8.Жената нема да направи спонтан потек. Таа размислува за се и разговара за тоа пред да стапи во акција. Затоа немојте да очекувате од неа да се појави ненајавено на вашиот праг со шише вино.

9.Жените мислат за нешта за кои мажите не мислат. Ако утре има важен состанок, таа ќе му ја испегла кошулата или ќе го поттикне да оди да купи нов пар чевли за да изгледа убаво со тоа одело.

10.Жените ги разгледуваат ситуациите од повеќе акли. Пред да донесе некоја одлука, таа ќе размисли како ќе резултира сето тоа, не сака да нанесе болка онаму каде што е непотребна.