Нема голема наука во тоа, но тешко е да се признае вистината. Ако некој сака да биде со нас, таа личност веќе би била со нас.
Можеме да измислуваме милион сценарија, да замислуваме подобар живот со нив во иднина, да се трудиме да ги оправдаме, или да се насочиме кон тоа да бидеме подобри личности. Но, ништо од тоа не е доволно. Ако некој би сакал да биде со нас, тогаш би бил.
Лесно е да се биде себична личност, да се лажат другите, да се искористуваат, но немојте да барате разбирање за таквата личност. Многу потешко е да се биде добар и искрен, да се биде сочувствителен. Имајте го на ум тоа.
Ако некој би сакал да биде со вас, таа личност не би се премислувала милион пати.
Немојте да мислите дека им треба време или простор. Не се трудите да ги оправдате со тоа дека можеби не знаат да се поврзат со друга личност или дека биле повредени досега. Тоа не е ваш проблем.
Сетете се колку се давате кон таа личност, колку сте искрени и добри. Помислете само дали тоа што тие го прават е нешто што го сакате или заслужувате. Можеби ќе ви требаат денови или месеци да го преболите тоа, но морате да ја прифатите вистината.
Некои денови ќе бидат очајни, други тешки, но со тек на време ќе помине. Таа личност не заслужува ни да размислувате за неа. Признајте ја вистината и продолжете понатаму.